Одбројуваме до стартот
И З Л О Ж Б И
„ИСКУСИ УМЕТНОСТ – 2″ – ВОДЕНИ ПОСЕТИ НА ИЗЛОЖБИТЕ ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ
Р А Б О Т И Л Н И Ц И
G A M I N G
INFUSION GAMING – ГЕНЕРИРАЊЕ И ПРОТОТИПИРАЊЕ НА ИГРИ
ИЗЈАВИ
Иако не настапувам за прв пат пред оваа публика, сепак чувството е секогаш исто. Искрениот пристап, искрените очиња полни со сјај будат чувство на мир, спокој и слобода што заокружува љубов со големо Љ.
Дани Димитровска
Убаво си поминав и ги поздравувам сите пеачи.
Илина
Јас сум многу среќна да гледам како сме сите заедно тука собрани и се надевам дека фестивали како овој ќе има се повеќе и ќе продолжи да се случува секоја година како доказ дека различностите не треба да не делат, баш напротив да не спојат сите заедно.
Дина Јашари
Сакам најпрво од срце да им се заблагодарам за хуманитарната мисија, за нивната искрена љубов кон лицата со попреченост и за тоа што несебично придонесуваат сите да имаат еднакви можности. Продолжете со оваа работа, а мојата поддршка ќе ја имате засекогаш.
Орце Ѓорѓиевски
Ми беше огромна чест што учествував во оваа дружба минатата година и се надевам дека оваа година ќе биде уште подобро.
Габриел, волонтер
Воспитајте го своето дете наместо да се гледа со озарени очи на лицата кои се различни од нив, напротив да прегрне, да сака безусловно и да го прифати секој еден кој е различен од него како да е ист, односно како да е свој, како својот брат, како своите родители.
Зарина Првасевда
Замислете место со вклучена инклузија, многу љубов, шарени бои, музика за сите генерации и активности за најмладите. Токму тоа, за мене е Фестивалот на инклузија.
Давид Стоилковски
Инклузијата во нашето општество е едно поглавје кое што допрва се отвара, допрва им придава на значење на човековите права. Со оглед на тоа што имам четири годишна ќерка би сакала да разбере дека сите сме шарени, но сите сме исти на крајот на денот.

