- This event has passed.
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ „ФУЗИЈА”

Соединување, поврзување, ФУЗИЈА.
Овие поими ќе ги спојат младите уметници кои ќе ги разменат своите идеи, чувства и перспективи преку јазикот на визуелната уметност.
Здружението Икуалити, во соработка со платформата за Допирна точка ќе создадат нова платформа преку отворањето на изложбата „Фузија“ како дел од ART денот на inFusion – 4. Фестивал на инклузија и претставува симболично место каде што се среќаваат различни визии и се создава уметност која ќе инспирира фузија.
Отворањето на изложбата е предвидено на 13 јуни 2025 година во 16:00 во Парк Македонија, Општина Кисела Вода.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити, во соработка со платформата Допирна точка, го отвора повикот за учество во изложбата „Фузија“ – изложба на млади уметници кои ќе се обединат со своите идеи и визии преку моќта на соединувањето и фузијата.
13.06.2025г. | 16:00 часот
Парк Македонија, Општина Кисела Вода
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
-млади уметници професионалци и аматери
-уметнички дела кои ја интерпретираат темата „Фузија“
ШТО ДОБИВАТЕ?
-можност за презентација на вашите дела пред поширока публика во рамки на inFusion – Фестивалот на инклузија
-простор за лично изразување, размена на идеи и вмрежување со млади креативци
-создавање нови пријателства
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, контакт број, кратка биографија и приложување на материјали од делата со кои аплицирате.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

