5. Инфјужн фестивал – простор и време за ширење Љубов, каде создававме, менувавме, инспириравме
Јубилејно, на повеќе локации, во 5 денови на Скопје му се случува 5-то издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија.
МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН ФЕСТИВАЛ!
inFusion магијата ТУРКА БАРИЕРИ
И З Л О Ж Б И
Р А Б О Т И Л Н И Ц И
G A M I N G
Одбројуваме до стартот
Можеш и подоцна, ама подобро...
Ти треба информација или насоки? Тука сме.
- Пон-Пет: 9:00 – 17:00
- Сабота: 9:00 – 16:00
- Недела: Одмараме душа
Како да не поддржиш?
Настаните се бесплатни, но за да ни изразиш љубов можеш да донираш или да си купиш маичка или алка.
Кое е вашето омилено место?
Погледни го видеото од фестивалот
Пријатели на
мисијата













ИЗЈАВИ
Фестивалот на инклузија е вистински пример за тоа како на вистински начин сите со многу мал придонес можеме да направиме многу за ова општество да стане поприфатливо за сите.
Ружица
Инклузијата во нашето општество е едно поглавје кое што допрва се отвара, допрва им придава на значење на човековите права. Со оглед на тоа што имам четири годишна ќерка би сакала да разбере дека сите сме шарени, но сите сме исти на крајот на денот.
Нина Јанева
Убаво си поминав и ги поздравувам сите пеачи.
Илина
Единствено нешто што општеството го движи напред е позитивната енергија и позитивната промена, меѓутоа таа позитивна промена мора да дојде од секој еден од нас. Сите поедино да ја менуваат својата средината, својот микрокосмос и од таму да создадеме многу поотворено и подобро општество.
Гере
Јас сум многу среќна да гледам како сме сите заедно тука собрани и се надевам дека фестивали како овој ќе има се повеќе и ќе продолжи да се случува секоја година како доказ дека различностите не треба да не делат, баш напротив да не спојат сите заедно.
Дина Јашари
Иако не настапувам за прв пат пред оваа публика, сепак чувството е секогаш исто. Искрениот пристап, искрените очиња полни со сјај будат чувство на мир, спокој и слобода што заокружува љубов со големо Љ.
Дани Димитровска
Сакам најпрво од срце да им се заблагодарам за хуманитарната мисија, за нивната искрена љубов кон лицата со попреченост и за тоа што несебично придонесуваат сите да имаат еднакви можности. Продолжете со оваа работа, а мојата поддршка ќе ја имате засекогаш.
Орце Ѓорѓиевски
Замислете место со вклучена инклузија, многу љубов, шарени бои, музика за сите генерации и активности за најмладите. Токму тоа, за мене е Фестивалот на инклузија.

