- This event has passed.
КРЕАТИВНА ИНТЕГРАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ТИВКИ ДРУЖБИ”

Интегративната работилница „Тивки дружби“ која ќе се одржи на 13 јуни 2026г. од 11 до 12:30 часот, кај Летната сцена – Лепезаво Градски Парк.
Тивките дружби ја истражуваат моќта на невербалната комуникација. Преку внимателно осмислени активности без употреба на зборови, учесниците ќе комуницираат, ќе соработуваат и ќе создаваат поврзаност на поинаков, подлабок начин.
Работилницата отвора простор за емпатија, разбирање и искрени човечки моменти, покажувајќи дека блискоста понекогаш се создава токму во тишината. Преку игра, движење и интеракција, посетителите ќе имаат можност да стекнат нови познанства, да излезат од секојдневните комуникациски шаблони и да искусат едно сосема поинакво чувство на заедништво.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити те поканува на интегративната работилница „Тивки дружби“ која ќе се одржи на 13 јуни од 11 до 12:30 часот, кај летна сцена Лепеза во Градскиот парк. Работилницата нуди уникатно искуство за истражување на невербалната комуникација и развивање на чувствителност преку допир.
13.06.2026г. | 11:00 – 12:30
Летна сцена Лепеза
Градски Парк, Општина Центар
ШТО НУДИМЕ?
-работилница за усовршување на вештини за невербална комуникација
-работилница за поттикнување на разбирање преку допир и слух и усовршување на вештини за слушање и перцепција
-простор за забава и создавање на нови пријателства
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Работилницата е отворена за лица од 13 до 45 годишна возраст. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 05 јуни 2026 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

