Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

УТРИНСКА ЈОГА СО САНДРА И МЕДИТАЦИЈА СО ГЕРЕ

јуни 13 @ 10:00 - 11:00
ГРАТИС

Фестивалот inFusion не може да пројде без утринската јога. Како процес на освестување на телото и умот со јога и медитација на отворено, сите пристуни, на 13 јуни, од 10 до 11:00 часот во Парк Македонија ќе можат да се приклучат на оваа активност и да го започнат денот со енергија и во мир.

Првиот дел од сесијата ќе биде воден од Сандра Беговиќ, ајурведски терапевт, со практични вежби за јога, вклучително и адаптирани техники за лица со различни видови на попреченост, овозможувајќи им на сите учесници да се вклучат во интегрирани групи и да уживаат во бенефитите од оваа енергична метода.

По јога сесијата, ќе следи водена медитација со Гере Трипков од Здружение Икуалити. Овој дел ќе овозможи длабока релаксација, ослободување од стрес и внатрешно смирување, како подготовка за богатата програма што ќе следи во текот на фестивалскиот ден.

Активноста има за цел да ја промовира грижата за себе и да го поттикне заедништвото преку заедничко движење и тишина.

Пристапност:

       Пристапно за лица од спектарот Настан без вербална комуникација Пристапно за лица со оштетен слух Толкување на знаковен јазик Пристапно за лица со интелектуална попреченост  Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за стари лица

Детали

Организатор

Локација

  • Летна сцена Лепеза – Градски Парк
  • 2C57+R8R, Скопје 1000
    Скопје, North Macedonia
    + Google Map