Latest Past настани

УТРИНСКА ЈОГА СО САНДРА И МЕДИТАЦИЈА СО ГЕРЕ

Летна сцена Лепеза - Градски Парк 2C57+R8R, Скопје 1000, Скопје

Последниот inFusion фестивалски ден ќе започне со освестување на телото и умот преку јога и медитација на отворено. Сите посетители, на 15 јуни, од 10 до 11:30 часот во Парк Македонија ќе можат да се приклучат на оваа активност и да го започнат денот со енергија и во мир.

ГРАТИС

ПИКНИК ЗА ДРУШТВЕНИ ИГРИ СО ПОРТАЛ

Летна сцена Лепеза - Градски Парк 2C57+R8R, Скопје 1000, Скопје

На 06 јуни, од 10:00 до 15:00 часот, ПИКНИК за друштвени игри во зелената и пријатна атмосфера на Летна сцена ЛЕПЕЗА.
Време за одмор, релаксација и квалитетно дружење со блиските и пријателите. Донесете ги вашите омилени друштвени игри, прострете ќебе на тревата и уживајте во позитивна атмосфера. За оние што сакаат да пробаат нешто ново – во паркот ќе можете да се запознаете со уникатни и креативни игри од локални производители.

ГРАТИС

ПИКНИК ЗА ДРУШТВЕНИ ИГРИ

На 15 јуни, од 11:00 до 19:00 часот, пикник за друштвени игри во зелената и пријатна атмосфера на Паркот Македонија.