- This event has passed.
„ИСКУСИ УМЕТНОСТ – 2″ – ВОДЕНИ ПОСЕТИ НА ИЗЛОЖБИТЕ ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

„Искуси уметност“ е иницијатива започната во 2025 година и е спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. Преку inFusion Фестивалот создаваме можности за еднакво и интеграциско учество во културниот живот на лицата со и без попречености.
Преку оваа водена изложбена посета, во соработка со Музејот на современата уметност, создаваме можност за еднакво и интегративно учество во културниот живот, каде уметноста станува достапна и инклузивна преку различни сетилни искуства.
Наместо „не допирај“, ова е изложба што повикува на истражување и блискост со делата. Посетителите ќе имаат можност да ја искусат уметноста преку сетилата и да откријат нови начини на гледање, разбирање и поврзување со просторот околу нас. Посетата ќе биде целосно толкувана на знаковен јазик, со цел изложбата да биде подостапна и инклузивна за сите посетители.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити, го отвора повикот за учество во водена изложбена посета која ќе биде дел од Ден 2: inFusion ART во рамки на inFUSION – 5. Фестивал на инклузија.
05.06.2026г. | 13:00 – 15:00 часот
Музеј на современата уметност
ШТО НУДИМЕ?
–водени посети низ изложбените поставки на Музејот на современата уметност
–толкување на турите на знаковен јазик, прилагодени за лица со оштетен слух и тактилни и тифлографски доживувања за лица со оштетен вид
-доживување на уметноста од нова перспектива, во инклузивна и интегративна атмосфера
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Водените тури се отворени за сите љубители на уметноста. Особено ги охрабруваме лицата со различни попречености да се пријават и бидат дел од ново културно искуство без барирери. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име, презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 01 јуни 2026 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

