Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

INFUSION 5 – РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНО ШИЕЊЕ И ВЕЗЕЊЕ

јуни 4 @ 10:00 - 13:00

РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНО ВЕЗЕЊЕ И ШИЕЊЕ

Како дел од јубилејното 5. Инфјужн фестивал, ве покануваме на работилница за креативно везење и шиење, инспиративен простор каде креативноста, дружењето и рачната уметност се спојуваат во едно уникатно искуство. Работилницата ќе се одржи на 04.06 во просториите на ДСУРЦ „Партенија Зографски“ од 10:00 до 13:00 часот.

Работилницата е наменета за сите и за почетници и за оние кои веќе имаат искуство со везење и шиење. Преку практична и опуштена атмосфера, учесниците ќе имаат можност да експериментираат со различни техники, бои, форми и материјали, додека создаваат сопствени уникатни изработки.

Покрај креативниот процес, работилницата нуди можност за поврзување, размена на идеи и создавање нови пријателства со луѓе кои ја споделуваат љубовта кон уметноста и рачната изработка. Сите потребни материјали се обезбедени, а потребна е само желба за творење, добра енергија и љубопитност да создадеш нешто свое и автентично.

Работилницата се спроведува под менторство на стручни лица од ДСУРЦ „Партенија Зографски“ и со поддршка од Европска Инвестициска Банка.

*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*

Здружението Икуалити го отвара повикот за учество на работилницата за креативно везење и шиење, која 04.06.2026 од 10:00-13:00 часот, во просториите на ДСУРЦ „Партенија Зографски“.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

-возрасна граница: од 12 до 40 години

 

ШТО ДОБИВАТЕ?

  • креативна работилница за везење и шиење, во интегративна група со лица со и без попреченост
  • можност за тимско и креативно изразување
  • рачни изработки со можност да ги понесете дома
  • простор за забава и создавање на нови пријателства

 

КАДЕ?

ДСУРЦ „Партенија Зографски“

 

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com  со посочување на: име, презиме, возраст и контскѕт број.  Доколку лицето е придружувано – да се наведе име, презиме и контакт број од придружникот.

 

Краен рок за пријавување е заклучно со 01 јуни 2026 година.

Пристапност:

       Пристапно за лица од спектарот Настан без вербална комуникација Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за лица со оштетен слух Толкување на знаковен јазик Пристапно за лица со интелектуална попреченост  Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за стари лица

 

Приjави се:


    Детали

    Организатор

    Локација

    • Државно средно училиште со ресурсен центар “Партенија Зографски“
    • Партениј Зографски, Благоја Стефковски, Скопје 1000
      Скопје, 1000 North Macedonia
      + Google Map