Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

МАРШ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ

јуни 6 @ 10:00 - 11:30
ГРАТИС

inFusion фесивалот претставува и двигател на општествените прашања на највисопкот ниво, вклучително и во јавниот простор, за доброто на сите, а не на избраните!

 

МАРШ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ

Чекориме за поддршка на лицата со попреченост, зa слободни тротоари и патеки, за пристапни јавни површини и средина на живеење која е пријатна за сите! Маршот на исклучените започнува од Влада, каде заедно ќе се потсетиме на сите мигови, дружби и приказни што со години го обликуваат фестивалот.

Во маршот се спојуваат различни генерации, пријатели, велосипедисти, семејства и мајки со колички – сите обединети преку истата енергија и чувство на припадност. Заедно ја оживуваме приказната што нè поврзува и покажуваме дека вистинската сила е во прифаќањето, блискоста и чекорењето едни покрај други.

Преку заедничко движење, чекор по чекор, патот нè води кон летната сцена Лепеза, каде ја продолжуваме овогодинешната фестивалска приказна. Дојди и зачекори со нас! Нека овој марш биде потсетник дека фестивалот не го создава само програмата, туку луѓето што го живеат.

 

06 јуни | 10:00 – 11:30 часот
Стартна локација: пред Владата, потоа Град Скопје и финиш на Летна сцена – Лепеза

Пристапност:

       Пристапно за лица од спектарот Настан без вербална комуникација Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за лица со оштетен слух Толкување на знаковен јазик Пристапно за лица со интелектуална попреченост  Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за стари лица

 

 

Детали

Организатор

Локација

  • Влада
  • Илинденска бб
    Скопје, North Macedonia
    + Google Map