ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ НА INFUSION ФЕСТИВАЛ
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на волонтери за inFusion – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина…
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на волонтери за inFusion – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина…
На 11 јуни, на 4. inFusion – Фестивал на инклузија, сведочете го магичниот перформанс на Роланд Валтер и Рене Шадлер, две тела, а еден универзум.
Интимен дијалог преку движење, што ги спојува телата како средство на поврзување!
Движењето може да значи многу нешта - како ги движиме нашите тела или повик за промена. За време на нивната соработка, Рене Шадлер и Роланд Валтер развија адаптивни техники на танцување за различни попречености, видливи и невидливи.
На 12 јуни во Театар Комедија, во оваа двочасовна работилница (10:00 - 12:00), на учесниците ќе им бидат прикажани движења и импровизации кои силно се залагаат за промени и охрабруваат „неумереност“ на подиумот за танцување, но и надвор него.
Креативна и интегративна работилница „Весели чорапчиња“ во соработка со Театар за Тебе преку која, на 12 јуни во Паркот Македонија, од 13 до 15 часот, децата и младите на возраст од 7 до 15 години ќе имаат можност да создаваат весели ликови од чорапчиња, поттикнувајќи креативно изразување и соработка помеѓу деца и млади со и без попреченост. Работилницата нуди забава, тимска работа и простор за создавање нови пријателства.
inFusion Базар – Активизам и култура ќе се одржува од 12 до 14 јуни 2025 година, во Паркот Македонија (Општина Кисела Вода) и има за цел да обедини креативци од заедницата на лица со попреченост, општествено одговорни организации и локални бизниси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во промоција на уникатни рачни изработки, уметнички дела, органски производи и инспиративни иницијативи. Дводневниот базар ќе понуди широка платформа на култура, активизам и автентично изразување, поттикнувајќи креативно изразување во насока на позитивни општествени промени.
Изложбата на 100 детски цртежи на тема „Ги сакам сите животни“ креирани од ученици од 10 основни училишта од Општините - Аеродром, Кисела Вода и Центар. Од 13 јуни 2025г. од 13 часот, ќе можете да ги погледнете сите цртежи кои ќе го разубавуваат Паркот Македонија.
„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. На 13 јуни, со почеток од 13:00 часот, водени тури низ музејските поставки за сите љубители на уметноста - искуство кое ќе овозможи уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.
inFusion Базар – Активизам и култура ќе се одржува од 12 до 14 јуни 2025 година, во Паркот Македонија (Општина Кисела Вода) и има за цел да обедини креативци од заедницата на лица со попреченост, општествено одговорни организации и локални бизниси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во промоција на уникатни рачни изработки, уметнички дела, органски производи и инспиративни иницијативи. Дводневниот базар ќе понуди широка платформа на култура, активизам и автентично изразување, поттикнувајќи креативно изразување во насока на позитивни општествени промени.
На 14 јуни, од 10 до 11 часот во Парк Македонија, Академија Рекреатива ќе ве води низ едночасовна сесија исполнета со латино ритами и позитивна енергија. Оваа активност е наменета за сите возрасти и способности, а целта е да го раздвижиме телото, да го подигнеме расположението и да го започнеме денот со музика и позитивни вибрации.
Не е потребно претходно танцово искуство – само желба за танцување и позитивна енергија!
Подгответе се за ден исполнет со позитивни вибрации, ритам и радост!
Викенд.
Омилена книга, музика и кафе со пријателите во сенките на Парк Македонија.
На 14 јуни, од 10 до 18 часот, inFusion Фестивалот ви дава можност да дојдете на одлична дружба во пријатна атмосфера. Да уживаме во викендот со позитивни вибрации, заедно.
На 14 јуни, од 10:00 до 23:00 часот, ЦЕЛОДНЕВЕН ПИКНИК за друштвени игри во зелената и пријатна атмосфера на Паркот Македонија.
Време за одмор, релаксација и квалитетно дружење со блиските и пријателите. Донесете ги вашите омилени друштвени игри, прострете ќебе на тревата и уживајте во позитивна атмосфера. За оние што сакаат да пробаат нешто ново – во паркот ќе можете да се запознаете со уникатни и креативни игри од локални производители.
Последниот inFusion фестивалски ден ќе започне со освестување на телото и умот преку јога и медитација на отворено. Сите посетители, на 15 јуни, од 10 до 11:30 часот во Парк Македонија ќе можат да се приклучат на оваа активност и да го започнат денот со енергија и во мир.
На 15 јуни ќе биде одржан тематскиот inFusion Базар за сите - активизам, култура и гејминг кој ќе ги спои елементите на културата, гејмингот и општествената одговорност во единствено живописно искуство. Овој базар ќе понуди мултидимензионален простор во рамки на кој посетителите ќе можат да истражат штандови со уметнички ракотворби, иницијативи на општествено одговорни организации и локални компании со органски производи, како и да навлезат во светот на гејмингот и да уживаат во презентациите на иновативни игри и гејминг производи од локални произведувачи.
КРЕИРАЈ И ИГРАЈ: Вклучи се во необично искуство за игри и поттикнување на креативност
Дизајнирај ја својата сопствена TTRPG (игра со улоги) со Print n Play и Deno Games, играј Dungeons & Dragons со Zandana, или вклучи се во сите активности на 15 јуни од 11 до 19 часот, во Парк Македонија!