- This event has passed.
РАБОТИЛНИЦА „ТАНЦУВАЊЕ БЕЗ УМЕРЕНОСТ”

Движењето може да значи многу нешта – како ги движиме нашите тела или повик за промена. За време на нивната соработка, Рене Шадлер и Роланд Валтер развија адаптивни техники на танцување за различни попречености, видливи и невидливи.
Во оваа двочасовна работилница, на учесниците ќе им бидат прикажани движења и импровизации кои силно се залагаат за промени и охрабруваат „неумереност“ на подиумот за танцување, но и надвор него.
Размена со локални организации:
Рене и Роланд ќе се сретнат со локални здруженија за застапување на лицата со попреченост за да го поттикнат развојот на секторот и да иницираат ургентни дискусии околу идентитетот и како попреченоста е практикувана во рамки на уметноста.
Со вкоренети активистички принципи, дуото има за цел да обезбеди убедлив доказ за трансформативната моќ на уметноста во обликувањето на порамноправно и поинклузивно општество.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити објавува повик за учество на работилницата „Танцување без умереност“ која ќе се одржи на 12 јуни 2025 година, од 10:00 до 12:00 часот, во Театар Комедија, како дел од inFUSION Perform денот во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
-индивидуалци лица со и без попреченост со желба за танц и самоизразување преку движење
-кореографи, режисери, танчери и перформери
-организации кои делуваат во областа на културата и работат со лица со и без попреченост
-независни и неформални културни иницијативи
ШТО ДОБИВАТЕ?
-искусување на алтернативни пристапи за танцување и експресија низ движење
-вмрежување со уметници, активисти и организации во областа на културата
-учество во трансформативно искуство кои ги поттикнува неумереноста и слободата на изразување
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Работилницата е отворена за сите љубители на танцот. Особено ги охрабруваме лицата со различни попречености да се пријават и бидат дел од ново културно искуство без барирери. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот. Доколку сте професионално лице или организација од горенаведените категории, ве молиме да прикачите и кратка биографија во апликацијата.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

