- This event has passed.
УТРИНСКИ ВИБРАЦИИ – ЛАТИНО ТАНЦИ ЗА БУДЕЊЕ
Јун 14, 2025 @ 10:00 - 11:00
ГРАТИС
Започнете го денот со енергија, ритам и насмевка! Во рамки на MUSIC денот, на inFusion – 4. Фестивал на инклузија, ве покануваме на динамична и весела активност за будење преку утринските вибрации на латино танците.
На 14 јуни, од 10 до 11 часот во Парк Македонија, Академија Рекреатива ќе ве води низ едночасовна сесија исполнета со латино ритами и позитивна енергија. Оваа активност е наменета за сите возрасти и способности, а целта е да го раздвижиме телото, да го подигнеме расположението и да го започнеме денот со музика и позитивни вибрации.
Преку звуците на латино музиката, учесниците ќе имаат можност да се разбудат на креативен начин, уживајќи во заедничко движење.
Не е потребно претходно танцово искуство – само желба за танцување и позитивна енергија!
Подгответе се за ден исполнет со позитивни вибрации, ритам и радост!
Пристапност:

