МУЗИЧКА ПРОГРАМА
На 14 јуни со почеток во 19:30 часот, во прекрасната природа на Паркот Македонија ја отпочнуваме забавата! Богата музичка програма – уникатно искуство за сите посетители, исполнето со младинкска енергија,…
На 14 јуни со почеток во 19:30 часот, во прекрасната природа на Паркот Македонија ја отпочнуваме забавата! Богата музичка програма – уникатно искуство за сите посетители, исполнето со младинкска енергија,…
Последниот inFusion фестивалски ден ќе започне со освестување на телото и умот преку јога и медитација на отворено. Сите посетители, на 15 јуни, од 10 до 11:30 часот во Парк Македонија ќе можат да се приклучат на оваа активност и да го започнат денот со енергија и во мир.
На 15 јуни ќе биде одржан тематскиот inFusion Базар за сите - активизам, култура и гејминг кој ќе ги спои елементите на културата, гејмингот и општествената одговорност во единствено живописно искуство. Овој базар ќе понуди мултидимензионален простор во рамки на кој посетителите ќе можат да истражат штандови со уметнички ракотворби, иницијативи на општествено одговорни организации и локални компании со органски производи, како и да навлезат во светот на гејмингот и да уживаат во презентациите на иновативни игри и гејминг производи од локални произведувачи.
КРЕИРАЈ И ИГРАЈ: Вклучи се во необично искуство за игри и поттикнување на креативност
Дизајнирај ја својата сопствена TTRPG (игра со улоги) со Print n Play и Deno Games, играј Dungeons & Dragons со Zandana, или вклучи се во сите активности на 15 јуни од 11 до 19 часот, во Парк Македонија!
На 15 јуни, од 11:00 до 19:00 часот, пикник за друштвени игри во зелената и пријатна атмосфера на Паркот Македонија.
Време за одмор, релаксација и квалитетно дружење со блиските и пријателите. Донесете ги вашите омилени друштвени игри, прострете ќебе на тревата и уживајте во позитивна атмосфера. За оние што сакаат да пробаат нешто ново – во паркот ќе можете да се запознаете со уникатни и креативни игри од локални производители.
На 15 јуни 2025г. во Парк Македонија (Општина Кисела Вода) во периодот од 13 до 15 часот, посетителите на inFusion - 4. Фестивал на инклузија ќе имаат можност да учествуваат во разновидна програма која ќе поттикне соработка, забава и вмрежување, преку создавње на пријатна и позитивна атмосфера за сите.
Во паркот Македонија, на 15 јуни од 17 часот, заедно ќе придонесеме кон креирање на потенцијални решенија во насока на одоговри на прашањата:
Дали пристапност „колку-толку“ е пристапност во целина?
Што му значи на едно лице во количка рампата пред влезот на зградата, ако во неа нема лифт?
Што му значи на едно слепо лице звучната сигнализација од семафорот, ако низ градот нема тактилни патеки по кои би можел сигурно да се движи.
Колку архитектите и службите за урбанизам и просторно планирање ги имаат на ум потребите на лицата со попреченост, додека урбанистички се менува лицето на градот?