- This event has passed.
МУЗИЧКА ПРОГРАМА
Јун 14, 2025 @ 19:30 - 23:00

На 14 јуни со почеток во 19:30 часот, во прекрасната природа на Паркот Македонија ја отпочнуваме забавата!
Богата музичка програма – уникатно искуство за сите посетители, исполнето со младинкска енергија, позитивни вибрации и креативност.
Музичката програма ја отвораме свечено со музичкиот перформанс „Боженствена рапсодија“, преку кој пријателите од Колектив Ветерница ќе ја пренесат моќта на различноста и заедништвото.
По отварањето следува богата музичка програма со настапи на млади бендови и артисти, кои ќе имаат можност пред посетителите да го претстават своето авторско творештво и да не однесат на патување низ емоции и чувства кои ги буди македонската авторска музика. Оваа младинкса енергија ја сочинуваат: Миа Перевска, Занаду, Дактили, Tsar Von Time, како и младиот бенд Fiction. Вечерта ќе понуди и енергичен завршеток со забавата која ќе ни ја приреди бендот Breakdown, предводен од познатиот музичар Петар Младеновски.
Во интимна атмосфера, музичарите и публиката ќе искусат автентично искуство на блискост, поврзаност и забава. Музичката програма претставува симбол на младоста, уметноста и слободата на изразување, а inFusion Фестивалот ќе создаде простор каде музиката ги спојува сите!
| „Боженствена рапсодија“ – музички перформанс (Колектив Ветерница и Трисомија 21)
“Божествена рапсодија” е ексклузивно шоу кое парадира низ македонската музика преку експериментални аранжмани создадени преку безусловна соработка на инкулизивниот ансамбл Трисомија 21 и Колектив Ветерница. Истиот е инициран во 2018-тата година и оттогаш досега има поставено неколку перформанси на различни сцени кои истражуваат нови инклузувни форми на современ театар. Учесници: Елизабета Петковска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски, Филип Ангеловски, Коста Аризанов, Илина Прокопиева, Ева Ѓорѓеска, Ена Митревска, Маша Блажева, Матеј Богдановски, Мартин Манчевски, Иво Веиќ.
Ментор: Билјана Димитрова | Музика: Иво Николовски, Јоана Ристеска | Фотографии: Јелена Белиќ | Продукција: Трисомија 21
| МИА ПЕРЕВСКА
Миа Перевска – автор, изведувач и продуцент на сопствената музика во авангардните поп води на нашата сцена. Од големи настапи и како бек вокал на огромен број реномирани македонски артисти, до авторски концерти на најголемите скопски фестивали, – Миа конечно со својата последно објавена песна “Без Себе” го најави својот прв албум кој излегува во претстојната 2025та година.
Во 2024та оствари и број еден радиски хит на годината со “Месечевиот Сјај” во соработка со Нокаут, песна која ќе се најде како дел од нејзиниот репертоар и на овој настап кој ќе го оствари со дел од својот бенд, во блиска комуникација со прекрасната публика.
| TSAR VON TIME БЕНД
Инспирирани од голем број на жанрови на модерната музика, членовите на битолскиот експериментален рок бенд Tsar Von Time, се стремат да создадат нов музички свет исполнет со амбициозни аранжмани и етерична лирика. Иако сѐ уште многу млади, веќе имаат настапувано на многу фестивали и концерти во Битола и Скопје, а во тек е снимањето на нивното прво EP издание.
| ДАКТИЛИ БЕНД
Дактили е четиричлен бенд, формиран во 2018 година во Струмица. Бендот има претрпено неколку промени во поставата, а сегашната ја сочинуваат Ставре Ангелаков (гитара), Џејд Ангелакова (вокал), Љубен Маџиров (тапани) и Емил Ејупи (бас). Од оригиналната постава, како тонски запис остана само инструменталното live EP Ventana de Pasillo, додека втората постава го издаде албумот Рандом Дестинација. Сегашната постава веќе некое време работи на студиски албум, од кој се очекуваат синглови летово.
| ЗАНАДУ БЕНД
Занаду е млад бенд од подножјето на Водно, кој уживаа во слободата што ја дава музиката, без жанровски ограничувања, слободно следејќи го текот на моментот. Го имаат деби синглот „Навика“ и албумот „Соништа“ во етерот а како дел од новиот албум имаат издадено три нови синглови, „Не сакам“ и „Очи“ и “Бротче”, проследени со видео.
Бендот е формиран во 2021 година, на седумнаесет години, а сега со повеќе од триесет настапи зад нив, вклучително и настапи на фестивали во и надвор од Македонија тие полека но сигурно го освојуваат нивното место на границата меѓу аван-гардата и поп-сцената во Македонија, на Балканот и пошироко. Со нивните младешка енергија и смел став, тие слободно пливаат низ спектарот на фреквенции и жанрови, барајќи го звукот што ќе донесе промени. Моментално работат на вториот студиски албум.
| FICTION БЕНД
Fiction е алтернатив-рок бенд од Скопје формиран во Јули 2016. Бендот е оформен од Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара, вокал, Филип Андонов – бас гитара. Подоцна им се придружува и Теодор Теодосиевски на тапани. Бендот е победник на Лузер Фест 2018-та, како и награден за најдобар гитарист на Рок – Фест 2018. Во 2024-та со песната “Допир” се пласираат во финалето (најдобри 12) на конкурсот за наградата “Милан Младеновиќ”, во конкуренција од повеќе од 300 артисти од цел Балкан.
Во Ноември истата година, бендот го издава албумот “Лавиринт”, придружено со голема концертна промоција на истиот. Синглови (досега) од овој албум се “Брои до 3”, “Дали Знае”, “Допир” и “Булевар”
| BREAKDOWN БЕНД
Breakdown Band е кавер бенд кој е оформен далечната 1999 година во Скопје. Во него членуваат Петар Младеновски (го познаваме и како дел од Суперхикс) Зоран Бошков и Зоран Костовски (кои соработувале со големи имиња од сценава) и на тапани Горан Поповски. Бендот зад себе има повеќе од 1000 настапи во клубови, дискотеки, барови како на бројни корпоративни и прослави од различен тип. На својот репертоар ги имаат најголемите фанк, реге, рнр, екс ју, поп хитови.
На сите нивни настапи и забави е задолжително танцувањето!
Дојдете на дружење, позитивна енергија и целовечерна забава!
Пристапност:

