Skip to content Skip to footer
Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

КАКО ДО УСПЕШНА КАРИЕРА ВО МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА? ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА СО ПЕТАР МЛАДЕНОВСКИ (СУПЕРХИКС)

Јун 14, 2025 @ 18:00 - 19:00

ГРАТИС

Панел-дискусија која инспирира и мотивира!

 

Како се гради кариера што трае? Како да останеш автентичен, а сепак да ја освоиш сцената? Што е поважно – талентот, мрежата на познаници или упорноста?

 

На овие и многу други прашања ќе одговори Петар Младеновски – фронтмен на легендарниот македонски бенд Суперхикс, човек со богато искуство, бројни настапи во земјава и странство, и автентична приказна за успеси, падови и љубов кон музиката.

Оваа панел-дискусија е наменета за млади музички бендови и артисти кои настапуваат во рамки на inFusion Фестивалот на инклузија, но и за сите кои сонуваат за музичка кариера.

Ќе зборуваме за:

првите чекори и предизвици во музичката кариера

-како да останеш автентичен и доследен на своето творештво

-важноста на настапите во живо и поврзувањето со публиката

искуства од настапи на регионални и европски сцени

-споделување поддршка – како да не се откажеш кога е најтешко

 

Дојдете да се инспирирате, да се поврзете со други уметници и да чуете совети од некој кој искусил разни предизвици – и останал верен на музиката.

 

Оваа активност ќе се одржи на 14 јуни 2025г. во Паркот Македонија, со почеток во 18 часот, како најава за богатата музичката програма на млади и автентични македонски бендови и изведувачи.

 

Пристапност:

       Настан без вербална комуникација Толкување на знаковен јазик  Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за стари лица

Детали

Дата
Јун 14, 2025
Време
18:00 - 19:00
Цена
ГРАТИС
Категорија:
,

Организатор

ЗДРУЖЕНИЕ ИКУАЛИТИ
Телефон
+38978363873
Е-пошта
equalityskopje@gmail.com
вебсајт на Организатор

Локација

ПАРК МАКЕДОНИЈА
Frank Harkort Maning, Skopje 1000
СКОПЈЕ, Македонија
+ Google Map