КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ВЕСЕЛИ ЧОРАПЧИЊА” – ИЗРАБОТКА НА ЛИКОВИ ОД ЧОРАПЧИЊА
ПАРК МАКЕДОНИЈА Frank Harkort Maning, Skopje 1000, СКОПЈЕ, МакедонијаКреативна и интегративна работилница „Весели чорапчиња“ во соработка со Театар за Тебе преку која, на 12 јуни во Паркот Македонија, од 13 до 15 часот, децата и младите на возраст од 7 до 15 години ќе имаат можност да создаваат весели ликови од чорапчиња, поттикнувајќи креативно изразување и соработка помеѓу деца и млади со и без попреченост. Работилницата нуди забава, тимска работа и простор за создавање нови пријателства.

