Latest Past настани

КРЕАТИВНА ИНТЕГРАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ТИВКИ ДРУЖБИ”

Летна сцена Лепеза - Градски Парк 2C57+R8R, Скопје 1000, Скопје

Интегративната работилница „Тивки дружби“ која ќе се одржи на 13 јуни 2026г. од 11 до 12:30 часот, во просторот до Летна сцена „Лепеза“ нуди уникатно искуство за истражување на невербалната комуникација и развивање на чувствителност преку допир. Учесниците ќе имаат можност преку креативни активности да ги унапредат своите вештини за невербална комуникација и перцепција, како и да ги усовршат своите социјални вештини и преку забава да создадат нови пријателства.

ГРАТИС

INFUSION БАЗАР ЗА СИТЕ – АКТИВИЗАМ, КУЛТУРА И ГЕЈМИНГ

Летна сцена Лепеза - Градски Парк 2C57+R8R, Скопје 1000, Скопје

На 15 јуни ќе биде одржан тематскиот inFusion Базар за сите - активизам, култура и гејминг кој ќе ги спои елементите на културата, гејмингот и општествената одговорност во единствено живописно искуство. Овој базар ќе понуди мултидимензионален простор во рамки на кој посетителите ќе можат да истражат штандови со уметнички ракотворби, иницијативи на општествено одговорни организации и локални компании со органски производи, како и да навлезат во светот на гејмингот и да уживаат во презентациите на иновативни игри и гејминг производи од локални произведувачи.

ГРАТИС

„ИСКУСИ УМЕТНОСТ – 2″ – ВОДЕНИ ПОСЕТИ НА ИЗЛОЖБИТЕ ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ Самоилова 17, Скопје 1000, Скопје

„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. На 05 јуни, со почеток од 13:00 часот, водени тури низ музејските поставки за сите љубители на уметноста - искуство кое ќе овозможи уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.

ГРАТИС