Latest Past настани

МАРШ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ

Влада Илинденска бб, Скопје

На 6 јуни, почнувајќи од Владата, потоа проашајќи пред администрацијата на Град Скопје, се до Летна сцена Лепеза чекориме за поддршка на лицата со попреченост, зa слободни тротоари и патеки, за пристапни јавни површини и средина на живеење која е пријатна за сите!

ГРАТИС

„ИСКУСИ УМЕТНОСТ – 2″ – ВОДЕНИ ПОСЕТИ НА ИЗЛОЖБИТЕ ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ Самоилова 17, Скопје 1000, Скопје

„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. На 05 јуни, со почеток од 13:00 часот, водени тури низ музејските поставки за сите љубители на уметноста - искуство кое ќе овозможи уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.

ГРАТИС

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ „ФУЗИЈА”

ПАРК МАКЕДОНИЈА Frank Harkort Maning, Skopje 1000, СКОПЈЕ

Соединување, поврзување, ФУЗИЈА.
Овие поими ќе ги спојат младите уметници кои ќе ги разменат своите идеи, чувства и перспективи преку јазикот на визуелната уметност, во рамки на „Фузија“ – изложба на млади уметници кои на 13 јуни од 16 часот ќе се обединат во Паркот Македонија со своите идеи и визии преку моќта на соединувањето и фузијата.

ГРАТИС