INFUSION БАЗАР ЗА СИТЕ – АКТИВИЗАМ, КУЛТУРА И ГЕЈМИНГ
ПАРК МАКЕДОНИЈА Frank Harkort Maning, Skopje 1000, СКОПЈЕНа 15 јуни ќе биде одржан тематскиот inFusion Базар за сите - активизам, култура и гејминг кој ќе ги спои елементите на културата, гејмингот и општествената одговорност во единствено живописно искуство. Овој базар ќе понуди мултидимензионален простор во рамки на кој посетителите ќе можат да истражат штандови со уметнички ракотворби, иницијативи на општествено одговорни организации и локални компании со органски производи, како и да навлезат во светот на гејмингот и да уживаат во презентациите на иновативни игри и гејминг производи од локални произведувачи.

