Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

INFUSION БАЗАР ЗА СИТЕ – АКТИВИЗАМ, КУЛТУРА И УЛИЧНА УМЕТНОСТ

јуни 13 @ 10:00 - 23:59
ГРАТИС

inFusion Базарот претставува уникатен дел од inFusion – 5. Фестивал на инклузија, кој претставува платформа која обединува уметници, креативци, активисти, локални компании и организации. Базарот ќе се создаде простор за промоција на вредности и општествено одговорни креативци од областа на културата и сферите на општественото живеење.

На 13 јуни ќе биде одржан inFusion Базарот ќе биде живо катче исполнето со креативност, инспирација и автентични приказни. Локални уметници, независни креативци и мали иницијативи ќе ги претстават своите уникатни дела. Од рачни изработки и модни детали, до визуелна уметност, илустрации и предмети создадени со љубов и идеја.

Базарот не е само простор за изложување, туку место за средби, разговори и размена на енергија. Секој штанд носи своја порака, свој стил и своја приказна, поттикнувајќи општествена одговорност, слободен израз и поддршка на локалната креативна сцена. Посетителите ќе можат да запознаат луѓе што создаваат со срце и преку нивната работа внесуваат промени во заедницата.

13.06.2026 г. | 10:00 – 00:00

Летна Сцена Лепеза – Градски Парк, Општина Центар

 

Учесниците се 18 индивидуалци и креативци и уметници од:

  • заедницата на лица со попречености
  • организации и поединци со општествено одговорни мисии
  • локални бизниси за органски производи
  • локални компании и креатори на игри

ШТО ДОБИВАТЕ?

Во инспиративна и инклузивна атмосфера, во рамки на фестивалот на 13 јуни 2026, имате можност да поддржите локални креативни бизниси и иницијативи и да набавите од нивните рачни изработки и дела, декоративни предмети, природни или органски производи

Пристапност:

       Пристапно за лица од спектарот Толкување на знаковен јазик  Пристапно за лица со оштетен вид

 

Детали

Локација

  • Летна сцена Лепеза – Градски Парк
  • 2C57+R8R, Скопје 1000
    Скопје, North Macedonia

Организатор