Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

РАБОТИЛНИЦА „ТАНЦУВАЊЕ БЕЗ УМЕРЕНОСТ”

Јун 12, 2025 @ 10:00 - 12:00

Движењето може да значи многу нешта – како ги движиме нашите тела или повик за промена. За време на нивната соработка, Рене Шадлер и Роланд Валтер развија адаптивни техники на танцување за различни попречености, видливи и невидливи.

Во оваа двочасовна работилница, на учесниците ќе им бидат прикажани движења и импровизации кои силно се залагаат за промени и охрабруваат „неумереност“ на подиумот за танцување, но и надвор него.

Размена со локални организации:

Рене и Роланд ќе се сретнат со локални здруженија за застапување на лицата со попреченост за да го поттикнат развојот на секторот и да иницираат ургентни дискусии околу идентитетот и како попреченоста е практикувана во рамки на уметноста.

Со вкоренети активистички принципи, дуото има за цел да обезбеди убедлив доказ за трансформативната моќ на уметноста во обликувањето на порамноправно и поинклузивно општество.

 

*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*

Здружението Икуалити објавува повик за учество на работилницата „Танцување без умереност“ која ќе се одржи на 12 јуни 2025 година, од 10:00 до 12:00 часот, во Театар Комедија, како дел од inFUSION Perform денот во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

-индивидуалци лица со и без попреченост со желба за танц и самоизразување преку движење

-кореографи, режисери, танчери и перформери

-организации кои делуваат во областа на културата и работат со лица со и без попреченост

-независни и неформални културни иницијативи

 ШТО ДОБИВАТЕ?

-искусување на алтернативни пристапи за танцување и експресија низ движење

-вмрежување со уметници, активисти и организации во областа на културата

-учество во трансформативно искуство кои ги поттикнува неумереноста и слободата на изразување

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Работилницата е отворена за сите љубители на танцот. Особено ги охрабруваме лицата со различни попречености да се пријават и бидат дел од ново културно искуство без барирери. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com  со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот. Доколку сте професионално лице или организација од горенаведените категории, ве молиме да прикачите и кратка биографија во апликацијата.

 

Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.

Пристапност:

    

 

ПРИЈАВИ СЕ!


     

    Детали

    Организатор

    Локација

    • ТЕАТАР КОМЕДИЈА
    • Blvd. Saint Clement of Ohrid 25, Skopje 1000
      СКОПЈЕ, Македонија
      + Google Map