- This event has passed.
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ВЕСЕЛИ ЧОРАПЧИЊА” – ИЗРАБОТКА НА ЛИКОВИ ОД ЧОРАПЧИЊА
Јун 12, 2025 @ 13:00 - 15:00
ГРАТИС
Во рамки на inFusion – 4. Фестивал на инклузија, на 12 јуни од 13 до 15 часот во Парк Македонија (Општина Кисела Вода), ќе се одржи креативната и интегративна работилница „Весели чорапчиња“ во соработка со Театар за Тебе. Децата и младите на возраст од 7 до 15 години ќе имаат можност да создаваат весели ликови од чорапчиња, поттикнувајќи креативно изразување и соработка помеѓу деца и млади со и без попреченост. Работилницата нуди забава, тимска работа и простор за создавање нови пријателства, а секој учесник ќе си понесе сопствен рачно изработено лик како спомен од настанот.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити го отвора повикот за учество во работилницата „Весели чорапчиња“ која ќе биде дел од Ден 1: inFusion Perform во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
12.06.2025г. | 13:00 – 15:00 часот
Парк Македонија, Општина Кисела Вода
ШТО НУДИМЕ?
–креативна работилница за изработка на весели ликови од чорапчиња, во интегративна група со лица со и без попреченост
-можност за тимско и креативно изразување
–рачно изработен лик кој може да си го понесете дома
-простор за забава и создавање на нови пријателства
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Работилницата е отворена за деца и млади од 7 до 15 годишна возраст. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

