- This event has passed.
КРЕАТИВНА ИНТЕГРАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ШАРЕНА ЧАЈАНКА”

Како дел од inFUSION – 4. Фестивал на инклузија, на 13 јуни 2025г. од 14 до16 часот, ќе се одржи креативната и интегративна работилница „Шарена чајанка“, каде децата и младите од 10 до 18 години ќе имаат можност заедно да цртаат и украсуваат посатки и да го разбудат својот уметнички дух. Работилницата поттикнува соработка меѓу млади со и без попреченост, создавајќи инклузивен простор за дружење, размена на идеи и нови пријателства. Дополнително, секој учесник ќе може да си ја понесе својата уникатно декорирана посатка – спомен од убаво попладне исполнето со дружба и позитивна енергија.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити го отвора повикот за учество во работилницата „Шарена чајанка“ која ќе биде дел од Ден 2: inFusion АRT во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
13.06.2025г. | 14:00 – 16:00 часот
Парк Македонија, Општина Кисела Вода
ШТО НУДИМЕ?
–креативна работилница за цртање и украсување на различни посатки, во интегративна група со лица со и без попреченост
-можност за тимско и креативно изразување
–декорирани посатки кои може да си ги понесете дома
-простор за забава и создавање на нови пријателства
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Работилницата е отворена за деца и млади од 10 до 18 годишна возраст. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

