- This event has passed.
КАКО ДО УСПЕШНА КАРИЕРА ВО МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА? ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА СО ПЕТАР МЛАДЕНОВСКИ (СУПЕРХИКС)
Јун 14, 2025 @ 18:00 - 19:00
ГРАТИС
Панел-дискусија која инспирира и мотивира!
Како се гради кариера што трае? Како да останеш автентичен, а сепак да ја освоиш сцената? Што е поважно – талентот, мрежата на познаници или упорноста?
На овие и многу други прашања ќе одговори Петар Младеновски – фронтмен на легендарниот македонски бенд Суперхикс, човек со богато искуство, бројни настапи во земјава и странство, и автентична приказна за успеси, падови и љубов кон музиката.
Оваа панел-дискусија е наменета за млади музички бендови и артисти кои настапуваат во рамки на inFusion Фестивалот на инклузија, но и за сите кои сонуваат за музичка кариера.
Ќе зборуваме за:
–првите чекори и предизвици во музичката кариера
-како да останеш автентичен и доследен на своето творештво
-важноста на настапите во живо и поврзувањето со публиката
–искуства од настапи на регионални и европски сцени
-споделување поддршка – како да не се откажеш кога е најтешко
Дојдете да се инспирирате, да се поврзете со други уметници и да чуете совети од некој кој искусил разни предизвици – и останал верен на музиката.
Оваа активност ќе се одржи на 14 јуни 2025г. во Паркот Македонија, со почеток во 18 часот, како најава за богатата музичката програма на млади и автентични македонски бендови и изведувачи.
Пристапност:

