- This event has passed.
ФОРУМ: ПРЕКУ КОМУНИКАЦИЈА ДО АКЦИЈА – ШТО НАВИСТИНА ИМ Е ПОТРЕБНО НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЗА КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ?
Јун 14, 2025 @ 17:00 - 19:00
ГРАТИС
inFusion Форумите претставуваат суштински сегмент на inFusion – 4. Фестивал на инклузија, како инклузивна платформа за конструктивен дијалог, критичка мисла и општествени препораки. Форумите ќе обединат родители, млади, лица со попреченост, активисти, стручни лица и претставници на институции, во заедничка мисија за отворена дискусија за предизвиците и можностите за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост.
Во три последователни денови од 12 до 15 јуни, ќе се реализираат тематски форумски сесии.
ФОРУМ: Преку комуникација до акција – Што навистина им е потребно на лицата со попреченост за квалитетен живот?
Дел од потребите на лицата со попреченост се универзални, но некои се специфични бидејќи секој има своја, уникатна приказна и состојба.
Како да се разбере секој, додека се помага на сите?
Колку е важно пристапот да е индивидуален за да е ефикасен? Колку можат да направат служба по служба, институција по институција, наставник по наставник, лекар по лекар, а колку сите заедно?
14 јуни | 17:00 – 19:00 часот
Парк Македонија, Општина Кисела Вода
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

