- This event has passed.
КРЕАТИВНА ИНТЕГРАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ТИВКИ ДРУЖБИ”
Јун 13, 2025 @ 18:00 - 20:00
ГРАТИС
Интегративната работилница „Тивки дружби“ која ќе се одржи на 13 јуни 2025г. од 18 до 20 часот, во ресторанот „Амигос Железничка“ нуди уникатно искуство за истражување на невербалната комуникација и развивање на чувствителност преку допир. Учесниците ќе имаат можност преку креативни активности да ги унапредат своите вештини за невербална комуникација и перцепција, како и да ги усовршат своите социјални вештини и преку забава да создадат нови пријателства.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити, го отвора повикот за учество во работилницата „Од идеја до стрип“ која ќе биде дел од Ден 2: inFusion ART во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
13.06.2025г. | 18:00 – 20:00
Ресторан „Амигос Железничка“, Трговски Центар „Diamond Mall“
ШТО НУДИМЕ?
-работилница за усовршување на вештини за невербална комуникација
-работилница за поттикнување на разбирање преку допир и слух и усовршување на вештини за слушање и перцепција
-простор за забава и создавање на нови пријателства
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Работилницата е отворена за лица од 13 до 45 годишна возраст. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

