- This event has passed.
КРЕАТИВНА ИНТЕГРАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „INFUSION МУРАЛ”
Јун 13, 2025 @ 17:00 - 19:00
ГРАТИС
Здружението Икуалити, во соработка со платформата Допирна точка ќе им пружат можност на учесниците, водени од искусни ментори, да создадат заеднички мурал кој ќе претставува симбол на заедништвото. На 13 јуни во Паркот Македонија (Општина Кисела Вода), од 17 до 19 часот, работејќи во интегративна група, младите со и без попречеост ќе имаат можност преку заедничко творење да ги развијат своите способности за креативно изразување.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити, со поддршка од неформалната платформа Допирна Точка, го отвора повикот за учество во работилницата „inFusion Mурал“ која ќе биде дел од Ден 2: inFusion ART во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
13.06.2025г. | 17:00 – 19:00 часот
Парк Македонија, Општина Кисела Вода
ШТО НУДИМЕ?
-креирање на заеднички интегративен мурал со поддршка на искусни ментори, во интегративна група со лица со и без попреченост
–колективно уметничко изразување и креација на мурал – симбол на инклузија и заедништво
-простор за забава и создавање на нови пријателства
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Работилницата е отворена за деца и млади од 10 до 18 годишна возраст. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме и возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

