Skip to content Skip to footer

4. Инфјужн фестивал – простор и време за ширење Љубов, каде создаваме, менуваме, инспирираме

На 5 локации, 30 настани, во 5 денови на Скопје ќе му се случи 4-то издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија.
ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН ФЕСТИВАЛ!

Фестивалот од оваа година се дели на 5 категории распоредени во 5 тематски денови, како Перформанси и Театар(PERFORM), Уметност(АRТ), Музика(MUSIC), Спорт(SPORT) и Гејминг(GAMING).

Паркот Македонија, Кисела Вода како локација – база

Паркот Македонија, во Општина Кисела Вода, повторно ќе биде домот, или базата на Инфјужн фестивалот, но настани не очекуваат и на други локации, како Музејот на современата уметност, Театар Комедија, Тивки дружби во Амигос – кафуле.

Младите и најмладите се во фокус на овогодинешното издание на фестивалот, музичките концерти се во целост посветени на млади бендови(14 јуни, сабота, Парк Македонија), Инфјужн базарот ќе биде отворен за промоција на иницијативи на млади уметници и креативци, планирани се и настаните inFusion – Мурал, inFusion – Прототипирање на игри, „Фузија“ – изложба на уметнички дела од млади уметници.

Отворањето ќе се случи на 11 јуни 2025 година со ексклузивниот перформанс на австралиско-германското дуо „SKIN“.

 

Водени тури низ поставките на Музејот на современата уметност со толкување на знаковен јазик, креативни работилници како „Шарена чајанка“ и изработка на маскотки од чорапчиња, театарски претстави „Супер вселенко и роденденска торта“ и „Ѕуница“.

Новина во фестивалските настани е толкување на концертите на знаковен јазик, што се случува за прв пат во современа Македонија, како и перформансот и работилницата на дуото „SKIN“ – велат организаторите.

Неодоливоста на овогодинешниот фестивал се и утринските активности, како будењето со латино танци(14 јуни), но и јога и медитација(15 јуни), а читањето во длабоките сенки на магичниот парк со книга, кафе и дџ сет се неизоставен дел од сите фестивалски денови.

Нова димензија во културно-уметничката преобразба

Вкупно 30 настани во 5 денови ќе вдахнат нова димензија во културно-уметничката преобразба на метрополата, a Базарот и Форумот на релевантни и општествено значајни теми ќе разбудат рефлексија која ќе инспирира за подобро утре.

Поврзете се и очекувајте фантастична незаборавна магија: instagram.com/infusion.fest.