Одбројуваме до стартот
И З Л О Ж Б И
Р А Б О Т И Л Н И Ц И
G A M I N G
ИЗЈАВИ
Ми беше огромна чест што учествував во оваа дружба минатата година и се надевам дека оваа година ќе биде уште подобро.

Габриел, волонтер
Убаво си поминав и ги поздравувам сите пеачи.

Илина
Сакам најпрво од срце да им се заблагодарам за хуманитарната мисија, за нивната искрена љубов кон лицата со попреченост и за тоа што несебично придонесуваат сите да имаат еднакви можности. Продолжете со оваа работа, а мојата поддршка ќе ја имате засекогаш.

Орце Ѓорѓиевски
Инклузијата во нашето општество е едно поглавје кое што допрва се отвара, допрва им придава на значење на човековите права. Со оглед на тоа што имам четири годишна ќерка би сакала да разбере дека сите сме шарени, но сите сме исти на крајот на денот.

Нина Јанева
Замислете место со вклучена инклузија, многу љубов, шарени бои, музика за сите генерации и активности за најмладите. Токму тоа, за мене е Фестивалот на инклузија.

Давид Стоилковски
Фестивалот на инклузија е вистински пример за тоа како на вистински начин сите со многу мал придонес можеме да направиме многу за ова општество да стане поприфатливо за сите.

Ружица
Јас сум многу среќна да гледам како сме сите заедно тука собрани и се надевам дека фестивали како овој ќе има се повеќе и ќе продолжи да се случува секоја година како доказ дека различностите не треба да не делат, баш напротив да не спојат сите заедно.

Дина Јашари
Единствено нешто што општеството го движи напред е позитивната енергија и позитивната промена, меѓутоа таа позитивна промена мора да дојде од секој еден од нас. Сите поедино да ја менуваат својата средината, својот микрокосмос и од таму да создадеме многу поотворено и подобро општество.
