Skip to content Skip to footer

Можеш и подоцна, ама подобро...

Ти треба информација или насоки? Тука сме.

  • Пон-Пет: 9:00 – 17:00
  • Сабота: 9:00 – 16:00
  • Недела: Одмараме душа
Festival na inkluzija-2-53

Како да не поддржиш?

Настаните се бесплатни, но за да ни изразиш љубов можеш да донираш или да си купиш маичка или алка.

ПРОГРАМА

5 дена, 5 локации, 30 настани

Имаш дилеми...?

Зборовите се излишни, клик за Парк Македонија и останатите 4 фестивалски локации: Инфјужн МАПА

Иако не забрануваме посета со сопствени пијачки и храна, сепак секој купен производ на фестивалскиот Базар и во Кантината е поддршка и за нас како фестивал. Значи, пијачки ќе има, за храна може да преговараме 😄 

Не, не се наплаќа влез и учество. Добредојден е секој. Единствено што треба да направиш е да пронајдеш во делот Повици или Настани што те интересира и да го пријавиш своето учество, на пр. за учество во работилниците. Додека за некои настани, како музичките концерти на 14 јуни, не е потребно да се пријавува учество.

Фестивалот Инфјужн промовира високи стандарди за учество на сите лица, независно од нивната способност. Сите фестивалски настани се со приспособен физички пристап, дури и за лица кои се со попречености или се движат со помагала или инвалидска количка. Во делот Настани, секоја активност содржи категорија „Пристапност“, каде ќе добиеш информации за приспособеноста на локацијата, за содржините толкувани на знаковен јазик и соодветно ќе го испланираш своето учество.

Самиот факт дека официјалниот плакат ни е со маче-волшебниче кажува многу за нашиот пристап кон животинчињата. Се трудиме да овозможиме пристап на миленичињата на сите настани, но оваа година тоа не е возможно 100%. Секако, паркот – нашата база, едвај чека да ги запознае миленичињата, и секако нивните придружници! 🐈🐶

Донации

Како да не поддржиш?

Настаните се бесплатни, но за да ни изразиш љубов можеш да донираш или да си купиш маичка или алка.

Контакт информации

ул. Матеја Матевски, 4/1-8Скопје, 1000