Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

ДВИЖЕЧКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ТРИТЕ СВЕТА ПЛУС ЕДЕН”

јуни 20 @ 19:30 - 20:30
ГРАТИС
„Трите света плус еден“ е движечка театарска претстава што ја руши класичната сцена и ја претвора во жив и динамичен простор каде приказната не стои на едно место, туку се движи, се менува и се открива низ различни локации и перспективи.
Претставата ја води публиката низ три поинакви светови, со уште еден четврт кој ни е попознат и ја заокружува целата приказна. Светови низ кои не се минува на ист начин за секого, каде патеките се различни, сетилата зборуваат поинаку, а комуникацијата добива нов облик. Простори во кои движењето, гледањето и слушањето се доживуваат низ поинаква логика, отворајќи можност секој да зачекори во перспектива што обично останува скриена од секојдневието. Секој од нив отвора поинаква реалност и начин на перцепција, менувајќи го начинот на кој ја гледаме, разбираме и чувствуваме истата околина.

Ова не е класичен театар каде публиката само набљудува, туку искуство во кое таа активно учествува, станува дел од движењето и заедно со изведувачите ја гради и ја води приказната низ целиот простор. Преку движење низ различни перспективи, искуството отвора директен увид во тоа како истиот свет се доживува од луѓе со различни сетилни и физички способности, менувајќи го начинот на кој го гледаме просторот, движењето и комуникацијата околу нас.

Оваа активност претставува дел од пошироката мисија на inFusion – да креира културни содржини кои промовираат еднаквост, разбирање и инклузија уште од најрана возраст.

ОТВОРЕН ПОВИК

Здружението Икуалити го отвора повикот за учество за интерактивната движечка театарска претстава „Трите света, плус еден“, која ќе се одржи во рамки на 5. Фестивал на инклузија.

ШТО НУДИМЕ? 
  • уникатно патување низ четири различни светови
  • истражување на сетилата и бариерите  
  • интеракција и едукација – преку симболични елементи, заедно ќе ја откриеме тајната на „четвртиот свет“ – светот на заедништвото и инклузијата.
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО
Поради специфичниот формат на претставата, бројот на учесници е ограничен на максимум 30 лица. Ве молиме пријавете го вашето место преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку доаѓате со придружба, наведете ги и нивните податоци.
Краен рок за резервации е заклучно со 15.06.
ВРЕМЕ И ЛОКАЦИЈА НА ПОЧЕТОК НА ПРЕТСТАВАТА

20.06.2026г. | 19:30 – 20:30

Градски Парк, Општина Центар

 

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА:

     

    Пристапност:

           Пристапно за лица со интелектуална попреченост   Пристапно за стари лица

    Детали

    • Дата јуни 20
    • Време
      19:30 - 20:30
    • Цена ГРАТИС
    • Настан Category:

    Организатор