
На 13 јуни 2026, сцената на Инфјужн Мјузик ќе ја отвори музичкото патување на Драги Иванов – артист чиј звук ги спојува современата продукција, емоцијата и алтернативниот поп.

По студиите по музичка продукција и инженерство и електронска продукција и дизајн на звук на Беркли во Бостон, како и професионалното искуство во Лос Анџелес со KIDinaKORNER, Драги се враќа во Македонија и создава препознатлив музички израз – и како продуцент, и како автор.

Публиката го препознава преку неговите експериментални електронски изданија „Sky Bleu I & II“ и „Sky Orange I & II“, како и преку неговата понова авторска работа заокружена со албумот „Nebo“ – проект кој носи мек, атмосферичен и алтернативен поп звук.

Драги Иванов

13.06.2026

19:30 – 20:20

Летна сцена Лепеза – Градски парк

И не заборавај,
на 5. Инфјужн #чувствувајВОбоја
На сите нивни настапи и забави е задолжително танцувањето!
Дојдете на дружење, позитивна енергија и целовечерна забава!
Пристапност:

