- This event has passed.
ФОРУМ: (НЕ)ПРИСТАПЕН ГРАД?
Јун 15, 2025 @ 17:00 - 19:00
ГРАТИС
inFusion Форумите претставуваат суштински сегмент на inFusion – 4. Фестивал на инклузија, како инклузивна платформа за конструктивен дијалог, критичка мисла и општествени препораки. Форумите ќе обединат родители, млади, лица со попреченост, активисти, стручни лица и претставници на институции, во заедничка мисија за отворена дискусија за предизвиците и можностите за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост.
Во три последователни денови од 12 до 15 јуни, ќе се реализираат тематски форумски сесии.
ФОРУМ: (Не)пристапен град?
Дали пристапност „колку-толку“ е пристапност во целина?
Што му значи на едно лице во количка рампата пред влезот на зградата, ако во неа нема лифт?
Што му значи на едно слепо лице звучната сигнализација од семафорот, ако низ градот нема тактилни патеки по кои би можел сигурно да се движи.
Колку архитектите и службите за урбанизам и просторно планирање ги имаат на ум потребите на лицата со попреченост, додека урбанистички се менува лицето на градот?
15 јуни | 17:00 – 19:00 часот
Парк Македонија, Општина Кисела Вода
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на заинтересирани струни лица, родители и организации да бидат дел од inFusion Форум зоната во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина Кисела Вода).
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
-родители, старатели, асистенти и лица со попреченост
-организации и поединци кои делуваат во областа на работа со лица со попречености
–стручни лица вклучени во образование, здравство и социјална заштита
–организации и поединци со општествено одговорни мисии
ШТО ДОБИВАТЕ?
Преку учество во форумските сесии, ќе добиете можност:
– Да ги споделите вашите ставови, искуства и препораки за решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост;
– Да учествувате во дискусии за институционалната поддршка, пристапноста и вклученоста во заедницата;
– Да придонесете кон создавање препораки и можности за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост;
– Да се вмрежите со други чинители и да остворите можности за идна соработка кон поинклузивна иднина.
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, контакт број, кратка биографија и наслов на форумите во кој би сакале да учествувате.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

