- This event has passed.
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКИ ЦРТЕЖИ „ГИ САКАМ СИТЕ ЖИВОТНИ”
Јун 13, 2025 @ 13:00 - 14:00
ГРАТИС
Изложбата на 100 детски цртежи на тема „Ги сакам сите животни“ е резултат на работилници за деца од школска возраст. Работилниците се организирани во текот на месец мај 2025 година во 10 основни училишта од Општините – Аеродром, Кисела Вода и Центар.
Креативниот тим на Здружението Икуалити – Симона, Ружица и Давид ги посетуваат дечињата од овие школи и заедно со нив креираат цртежи на истоимената тема.
Школите од 3-те општини, вклучени во оваа програмска активност на 4. inFusion – Фестивал на инклузија се: 1. О.У. Лазо Ангеловски – Аеродром, 2. О.У. Браќа Миладиновци, Аеродром, 3. О.У. Блаже Конески – Аеродром, 4. О.У. Кирил Пејчиновиќ – Кисела Вода, 5. О.У. Партенија Зографски – Кисела Вода, 6. О.У. Кузман Ј. Питу – Кисела Вода, 7. О.У. Рајко Жинзифов – Кисела Вода, 8. О.У. Круме Кепески – Кисела Вода, 9. О.У. Коле Неделковски – Центар, 10. О.У. Киро Глигоров – Центар.
Од безброј дела кои ќе бидат креирани од вештите рачиња на дечињата со и без попреченост советот на фестивалот ќе избере 100 цртежи кои ќе бидат изложени во рамки на изложба.
Отворањето на изложбата е предвидено на 13 јуни 2025 година во 13:00 во Парк Македонија, Општина Кисела Вода.
Пристапност:

