Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

ДЕТСКА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „СУПЕР ВСЕЛЕНКО И РОДЕНДЕНСКАТА ТОРТА”

Јун 12, 2025 @ 15:30 - 16:30
ГРАТИС

На 12 јуни, со почеток во 15:30 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“, најмладите посетители на фестивалот ќе уживаат во интерактивна детска едукативна претстава „Супер вселенко и роденденската торта“, во интерпреација на Театар за Тебе, која на забавен и анимиран начин пренесува силна порака за прифаќање на различностите.

Во магичната шума, животните се однесуваат како луѓе, а дејството ја следи приказната на Еленко, голем бизнисмен со срце, кој создава роденденски торти и новогодишни елки за сите деца. Но, опасниот вирус мрза го остава без вработени, загрозувајќи ја радоста на децата. Кога се чини дека сè е изгубено, се појавуваат храбрите и љубопитни Вселенковци, кои сакаат да помогнат – и така започнува авантурата исполнета со хумор, вредности и анимации што ја вклучуваат и самата публика во претставата.

Во работата ги попречува Гавранот – симбол на предизвиците и пречките, но токму преку овие моменти, децата ќе научат за пријателството, различностите и важноста на соработката.

Оваа активност претставува дел од пошироката мисија на inFusion – да креира културни содржини кои промовираат еднаквост, разбирање и инклузија уште од најрана возраст.

 

12.06.2025г. | 15:30 – 16:30

Дом на култура „Билјана Беличанец“, Општина Кисела Вода

 

Пристапност:

       Пристапно за лица од спектарот Настан без вербална комуникација Пристапно за лица со оштетен слух Толкување на знаковен јазик Пристапно за лица со интелектуална попреченост  Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за стари лица

Детали

  • Дата Јун 12, 2025
  • Време
    15:30 - 16:30
  • Цена ГРАТИС
  • Настан Category:

Организатор

Локација

  • ДОМ НА КУЛТУРА „Биљана Беличанец“
  • Hristo Tatarchev 44, Skopje 1000
    Скопје, Македонија
    + Google Map