- This event has passed.
ЈОГА СО ЦЕНТАРОТ ART OF LIVING И МЕДИТАЦИЈА СО ГЕРЕ
Јун 15, 2025 @ 10:00 - 11:30
ГРАТИС
Последниот inFusion фестивалски ден ќе започне со освестување на телото и умот преку јога и медитација на отворено. Сите посетители, на 15 јуни, од 10 до 11:30 часот во Парк Македонија ќе можат да се приклучат на оваа активност и да го започнат денот со енергија и во мир.
Првиот дел од сесијата ќе биде воден од тимот на центарот Art of Living, кои ќе понудат практични вежби за јога, вклучително и адаптирани техники за лица со различни видови на попреченост, овозможувајќи им на сите учесници да се вклучат во интегрирани групи и да уживаат во бенефитите од оваа енергична метода.
По јога сесијата, ќе следи водена медитација со Гере Трипков од Здружение Икуалити. Овој дел ќе овозможи длабока релаксација, ослободување од стрес и внатрешно смирување, како подготовка за богатата програма што ќе следи во текот на фестивалскиот ден.
Активноста има за цел да ја промовира грижата за себе и да го поттикне заедништвото преку заедничко движење и тишина.
Пристапност:

