- This event has passed.
ОТВОРАЊЕ НА INFUSION ФЕСТИВАЛ
Јун 12, 2025 @ 19:30 - 20:30
ГРАТИС
Почетокот на фестивалските денови ќе биде највен со свечено отворање, како и секоја година – во духот на заедништвото, искрената љубов и позитивна енергија и инклузијата. На отворањето ќе биде претставена целосната програма на inFusion – 4. Фестивал на инклузија, кој и оваа година нуди 5 тематски денови со богата содржина насочена кон унапредување на културната интеграција и социјалната инклузија на лицата со попреченост.
Во рамки на отворањето, традиционално ќе бидат доделени наградите „Шампиони на инклузијата“ – признанија за лица со попреченост, организации, компании, јавни и влијателни личности кои со својот труд придонесуваат кон поинклузивно општество и афирмација на правата на социјално ранливите заедници.
Настанот ќе биде збогатен и со премиера на анимираниот серијал „Диносаурусчето УРУ“, инспиративна приказна за храброста, неприфаќањето и снаоѓањето во нова средина. УРУ и неговата дружина животинки ќе ги поведат најмладите на патување низ светот на пријателството, различностите и прифаќањето.
12.06.2025г. | 19:30 часот
Дом на култура „Билјана Беличанец“, Општина Кисела Вода
Придружете ни се во мисијата за ширење љубов.
Да ги урнеме бариерите, да менуваме, создаваме и инспи
Пристапност:

