- This event has passed.
„ИСКУСИ УМЕТНОСТ” – ВОДЕНИ ПОСЕТИ НА ИЗЛОЖБИТЕ ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. Преку inFusion Фестивалот создаваме можности за еднакво и интеграциско учество во културниот живот на лицата со и без попречености.
За прв пат, во рамки на еден културен фестивал, овозможуваме уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.
Настанот „Искуси уметност“ ќе се одржи на 13 јуни 2025 година, од 13:00 до 15:00 часот
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити, го отвора повикот за учество во водена изложбена посета која ќе биде дел од Ден 2: inFusion ART во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
13.06.2025г. | 13:00 – 15:00 часот
Музеј на современата уметност
ШТО НУДИМЕ?
–водени посети низ изложбените поставки на Музејот на современата уметност
–толкување на турите на знаковен јазик, прилагодени за лица со оштетен слух и вид
-доживување на уметноста од нова перспектива, во инклузивна и интегративна атмосфера
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Водените тури се отворени за сите љубители на уметноста. Особено ги охрабруваме лицата со различни попречености да се пријават и бидат дел од ново културно искуство без барирери. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

